Currently browsing posts found in септември2009
Лето е на крај и не е срамота меѓу Вашата секојдневна гардероба да се појави малку волна. Еве предлог:
- Бело, памучно маиче, сеуште може да се искористи пред да отиде на зимски сон со други парчиња летна облека
- Шал. Црн, од вештачки материјал со дезен на ситна мрежа. Право да кажам, не знам каде може да се купи, јас го најдов во second hand продавница
- Долго ланче направено од ситни монистра во сребрена боја, волнени топки и цвеќиња. Долго е ок 100 цм и интересно изгледа во комбинација со ваков шал. Ланчето можете га го купите во продавницата „Уникатно“. Кликнете овде.

Имам изработено уште други варијанти на такво ланче.
Posted at: септември 20th, 2009 - 12:57 pm - Number of Comments » 0
На почеток мало преставување:
Креирање на нештата е тоа што најмногу ме исполнува. Секојдневно се занимавам со изработка на веб страници. Слободно време најмногу сакам да го поминам со игла, конци, монистри, правејќи ги неповторливи и уникатни работи. Многу инспирација ми придонесува така наречен street fashion од големите европски градови, recycling art – уметноста на создавање на нов живот на старите работи – облека, чанти, накит.
Како логичен развој на работите следува мојата продавница за уникатни работи.
Сакате рачно изработени, неповторливи работи, оригинална облека, накит и додатоци? Сакате да им направите оригинален подарок на Вашите блиски? Сакате да го изградите Вашиот стил врз основа на интересни, рачно изработени парчиња облека, чанти, накит и додатоци кои не може да се купат во продавниците? Се наоѓате на доброто место. Погледнете ја нашата колекција.
Посетете не и уживајте.



Posted at: септември 19th, 2009 - 2:42 pm - Number of Comments » 0

