Блог на продавница со уникатни производи

Currently browsing posts found in октомври2009


…но овој пат во облик на чанта.

Чантата е изработена од волнен материјал, внатре има сошиено постава. Диаметарот на кругот изнесува 23 цм.

Предна страна на чантата е направена од многу кругови – белите се плетени, црните се од волнен материјал а темно црвени од материјал што признавам, не знам како се вика но најважно е дека не се пара.

 Чантата се носи во рака.

torebkaokragla2.jpg

за жал моментално немам добар апарат за сликање…

Повелете во продавницата има уште неколку други нови работи.


Posted at: октомври 16th, 2009 - 7:00 pm -
Number of Comments » 0

Во продавница Уникатно се појави нов творец. Се вика Елена Поповска и изработува накит од полускапоцени камења и кристали.

 

kompletodhematit.jpg


Posted at: октомври 14th, 2009 - 5:49 pm - Number of Comments » 0

 

Моја стара чантичка заврши својот живот. Од неа спасив едно здраво парче кожа. Така настана колекција на накит која ќе продолжи кога успеам да набавам некаде црна кожа. Во главата имам уште многу интересни мотиви за обетки и белегзии.

Кожата е искомбинирана со бели плетени парчиња, кругови, цвеќиња, квадрати…за составување употребен е бел конец а шиењето намерно е спроведено така како што се гледа на сликата.

Обетките се различни од двете страни, може да се каже дека задната страна претставува тоа што го нема на предната. Исклучок се цвеќињата кои се исти од двете страни.

Обетките се достапни на www.unikatno.com.mk

crnobeli.jpg


Posted at: октомври 13th, 2009 - 2:11 pm - Number of Comments » 0

 

Ми преставува задоволство да Ве информирам дека сајтот на мојата електронска продавница е сајт на денот за месец октомври во весникот Време.

Еве го интегрално нивниот осврт:

Уникатна онлајн продавница за луѓе со стил

Ако сакате уникатна облека, накит, чанти и други додатоци, ја цените рачната изработка и сте смели во градењето на вашиот стил, посетете ја онлајн продавницата „уникатно“. Овде ќе најдете колекција од блузи, џемпери, туники, чанти, накит, зимски додатоци, украси, капи, елеци и слична облека, каква што не можете да најдете на ниедно друго место. Секое парче е уникатно, а сè што ви се допаѓа и сакате да го купите, можете да го нарачате преку стискање на копчето „во корпа“, откако претходно ќе се регистрирате.

Нарачаните производи се подигнуваат од пошта, каде на цената на производот ќе треба да додадете уште некој денар за поштарина. Пратката би требало да ја добиете за 3-5 дена од моментот на нарачувањето.

За секој производ, претставени се одерени детали кои ќе ви помогнат во изборот, а начинот на прегледување и пребарување на разните видови облека е толку практичен, што понуденото за кратко ќе ви изгледа недоволно. За купените производи добивате гаранција од 10 дена за нивно враќање, за што ќе го добиете платениот износ назад.

И на крајот, доколку вие сте изработувачи на рачни работи, можете да се приклучите и вашите творби да ги направите достапни од галеријата на уникатно.Доколку ви се допаѓа нешто што е веќе продадено, можете да побарате сличен производ или да поставите прашање за можноста за изработка на слично парче. Оваа веб-локација е и одлично место кое можете да го посетите доколку наидува нечиј роденден за кој сакате да приредите убаво изненадување со изборот на подарокот.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: пријатен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Политика за приватност: нема
посебно, но има кратка информација
Јазик: македонски
Адреса: unikatno.com.mk


Posted at: октомври 8th, 2009 - 8:07 pm - Number of Comments » 0

За оваа чанта ми даде инспирација летото, што денес мислам дефинитивно си замина (надвор стално врне дожд).
Ја изработив од материјал со дезен на прекрасни летни цвеќиња и завршив  со жолта волна.
Димензиите се 28 x 24 цм.
Внатре има постава од материјал со поинтензивна жолта боја. Рачката е исполнета со волнен материјал внатре.

Чантата е достапна во продавницата.

 


Posted at: октомври 3rd, 2009 - 6:18 pm - Number of Comments » 0

 

 Претставувам неколку комбинации со употреба на мотивот на кругот.
Мотивот дава многу можности на комбинации со различни бои, со што е постигнат интересен ефект.

Најпрво направив чанта, со одамна измислен дезен од круга. Наеднаш го приметив остатокот од волна со многу убава нианса на сината боја. Чантата е направена од волнен материјал и внатре има постава. Горниот дел, рачката и кругови секако се плетени со игла.
canta9.jpg

Црната туника е едноставна во форма и надополнета со сините кругови. Ременот е направен од неколку гајтани и заради него туниката одговара на повеќе големини, но најмногу на L.

tunika4.jpg

 

Двете работи можат да се купат во продавницата Уникатно.
За заинтересираните – линкови: туника, чанта.

За тие што сакаат класична комбинација на бои, црна, сива и бела, претставувам уште две идеи:

Чанта со средна големина изработена од машински плетен материјал и волнена постава внатре. Мотивите на кругови се плетени со игла.

canta11.jpg

 

За шалот размислував од подолго време…како ќе изгледа, што бои да ги искористам, па ајде засега решив за класичните бои. Шалот е комбиниран од многу гајтани, плетени кругови и  топчиња . Најдобро изгледа пуштен, ама може исто да се завитка околу вратот.

 

sal2.jpg

 

Исто така  шал и чанта можат да се нарачат во продавницата.


Posted at: октомври 1st, 2009 - 5:56 pm - Number of Comments » 0