Currently browsing posts found in ноември2009
Некој ќе го нарече шал, некој гердан. Навистина имаат повеќе украсна улога одколку се топли…ама шаловите ги сакаме не само заради тоа дека не топлат во зимата.
Еве неколку модели на такви шалови-гердани:

Овој модел е шал во форма на круг (е затворен). Направен е од плетениот дел (од шарен, малку светкав конец со мали топчиња заради кои плетењето беше многу досадно) и плаво-зеленкав полупроџирен материјал. Виткани цвеќиња има од двете страни за да не мора да внимавате како е наместен шалот.
Исто така и овој шал-гердан е затворен круг и се става пеку глава. Направен е од волна Менада. Копчето е украсно.
Овој модел е направен од памучен конец во темносина боја со зеленкаста нианса (која на сликата повеќе дојде до израз – шалот е повече син идколку зелен) и од материјал (тафт) во истата боја. Материјалот е заштитен од парање.

Овој модел е рачно сошиен од две врсти на синтетички материјал (црн и сребрен), надополнет со 2 броша. Исто така овој шал е затворен круг (копчето е само украсно).
Ве поканувам во продавницата Уникатно, каде што ќе најдете многу повеќе новости
Posted at: ноември 19th, 2009 - 5:58 pm - Number of Comments » 0
