Блог на продавница со уникатни производи

» Currently browsing: вести


Пролет дојде и на Уникатно, иако со некој ден закаснување, но викендов имавме прекин во функциониранието на страницата поради технички причини, за кој се извинуваме.
Пролет на Уникатно обилува во над 100 производи од различен вид по намалени цени. Ако ги прегледавте шкафчињата и кутии со накит и заклучивте дека нешто Ви недостасува, што би сакале [...]


Posted at: март 23rd, 2010 - 7:12 pm - Number of Comments » 0

Гердан или ремен – цвеќе со лист е изработен од тенка волница Перлита, долг е 150 цм, може да се носи како украс на пролетно палто, џемпер или ролка:

Чанта изработена во patchwork техника од различни материјали и украсена со волна (црна со сребрен конец), голема (40 цм со 40 ц со 6 цм) идеална за [...]


Posted at: март 18th, 2010 - 5:45 pm - Number of Comments » 0

Тијана, творец што неодамна се вклучи во нашата продавница Ви нуди плетени обетки.

Вакви оветки се идеален додаток за секојдневна облека а од лично искуство знам колку убаво се носат заради тоа што материјалот е многу лесен.
За обожаватели на црвена боја има интересен шал и гердан.

За тие што сакаат дезен пепито предлагам комплет

кој е изработен од [...]


Posted at: март 4th, 2010 - 11:20 am - Number of Comments » 0

После празничната пауза нови производи направила Нада.

Овој прекрасен комплет и неколку други новости веќе се достапни.
Најновиот производ од Кате (mikka design) e чанта од тафт:

Повелете во бутик on-line Уникатно


Posted at: јануари 16th, 2010 - 9:03 pm - Number of Comments » 0

Со новата година страницата за уникатни производи Уникатно Ве запознава со уште еден творец Оливера Ефремовска која твори со помош на традиционалната техника за работа со волна – Филц.


Posted at: јануари 2nd, 2010 - 4:58 pm - Number of Comments » 0

Во продавницата Уникатно има нов творец. Елизабета изработува украси и накит од жица и монистра. Сите нејзини производи можете да ги разгледате тука.

 

33. Vodno konjce so sareni krilca.jpg


Posted at: декември 19th, 2009 - 2:08 pm - Number of Comments » 0

Во продавницата Уникатно пред малку започна новогодишно намаление. Засега 39 мои производи се достапни по пониски цени. Изненадување подготви и Нада. Со нарачка на нејзините производи ќе добиете обетки како подарок.

Разгледајте ги производите во Новогодишна понуда!


Posted at: декември 8th, 2009 - 9:30 pm - Number of Comments » 0

Во продавница Уникатно се појави нов творец. Се вика Елена Поповска и изработува накит од полускапоцени камења и кристали.

 

kompletodhematit.jpg


Posted at: октомври 14th, 2009 - 5:49 pm - Number of Comments » 0

 

Ми преставува задоволство да Ве информирам дека сајтот на мојата електронска продавница е сајт на денот за месец октомври во весникот Време.

Еве го интегрално нивниот осврт:

Уникатна онлајн продавница за луѓе со стил

Ако сакате уникатна облека, накит, чанти и други додатоци, ја цените рачната изработка и сте смели во градењето на вашиот стил, посетете ја онлајн продавницата „уникатно“. Овде ќе најдете колекција од блузи, џемпери, туники, чанти, накит, зимски додатоци, украси, капи, елеци и слична облека, каква што не можете да најдете на ниедно друго место. Секое парче е уникатно, а сè што ви се допаѓа и сакате да го купите, можете да го нарачате преку стискање на копчето „во корпа“, откако претходно ќе се регистрирате.

Нарачаните производи се подигнуваат од пошта, каде на цената на производот ќе треба да додадете уште некој денар за поштарина. Пратката би требало да ја добиете за 3-5 дена од моментот на нарачувањето.

За секој производ, претставени се одерени детали кои ќе ви помогнат во изборот, а начинот на прегледување и пребарување на разните видови облека е толку практичен, што понуденото за кратко ќе ви изгледа недоволно. За купените производи добивате гаранција од 10 дена за нивно враќање, за што ќе го добиете платениот износ назад.

И на крајот, доколку вие сте изработувачи на рачни работи, можете да се приклучите и вашите творби да ги направите достапни од галеријата на уникатно.Доколку ви се допаѓа нешто што е веќе продадено, можете да побарате сличен производ или да поставите прашање за можноста за изработка на слично парче. Оваа веб-локација е и одлично место кое можете да го посетите доколку наидува нечиј роденден за кој сакате да приредите убаво изненадување со изборот на подарокот.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: пријатен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Политика за приватност: нема
посебно, но има кратка информација
Јазик: македонски
Адреса: unikatno.com.mk


Posted at: октомври 8th, 2009 - 8:07 pm - Number of Comments » 0