» Currently browsing: стил
Пролет дојде и на Уникатно, иако со некој ден закаснување, но викендов имавме прекин во функциониранието на страницата поради технички причини, за кој се извинуваме.
Пролет на Уникатно обилува во над 100 производи од различен вид по намалени цени. Ако ги прегледавте шкафчињата и кутии со накит и заклучивте дека нешто Ви недостасува, што би сакале [...]
Posted at: март 23rd, 2010 - 7:12 pm - Number of Comments » 0
Гердан или ремен – цвеќе со лист е изработен од тенка волница Перлита, долг е 150 цм, може да се носи како украс на пролетно палто, џемпер или ролка:
Чанта изработена во patchwork техника од различни материјали и украсена со волна (црна со сребрен конец), голема (40 цм со 40 ц со 6 цм) идеална за [...]
Posted at: март 18th, 2010 - 5:45 pm - Number of Comments » 0
Тијана, творец што неодамна се вклучи во нашата продавница Ви нуди плетени обетки.
Вакви оветки се идеален додаток за секојдневна облека а од лично искуство знам колку убаво се носат заради тоа што материјалот е многу лесен.
За обожаватели на црвена боја има интересен шал и гердан.
За тие што сакаат дезен пепито предлагам комплет
кој е изработен од [...]
Posted at: март 4th, 2010 - 11:20 am - Number of Comments » 0
Овие два шалови може да се носат на многу начини, нивната должина (еден е 4 м, друг 3,2 м) дозволува да се виткаат и врзуваат како што ќе Ви текне. Изработени се од различни материјали (црна чипка, розев сатен, памучен материјал со дезен-цвеќиња, точки и други шарки, сив памулен материјал). Подолг шал е украсен со [...]
Posted at: март 2nd, 2010 - 5:55 pm - Number of Comments » 0
Предлог за тие кои бараат оригинални додатоци е неповторлива колекција на накит од материјал.
Нејзините предности се:
-можност на слободна интерпретација
-издржливост
-добро се комбинираат со секој тип на облека, одговараат на елегантна облека како и на спортска.
Ви претставувам неколку примероци од колекцијата:
Долг гердан и белегзија се изработени од сатен во светло-зелена боја. Герданот може да се носи навиткан [...]
Posted at: февруари 22nd, 2010 - 11:09 am - Number of Comments » 0
После празничната пауза нови производи направила Нада.
Овој прекрасен комплет и неколку други новости веќе се достапни.
Најновиот производ од Кате (mikka design) e чанта од тафт:
Повелете во бутик on-line Уникатно
Posted at: јануари 16th, 2010 - 9:03 pm - Number of Comments » 0
После само 3 месеци функционирање ВЕБ продавницатаза уникатни производи си го најде своето место, како кај купувачите така и кај творците. За сега на продавницата изложуваат 5 творци со околу 530 уникатни производи: облека, накит, украси. Производите се изработени со различни техники и различни материјали. Најчесто волна, полудраги камења, монистра, дрво и други материјали. пордавницата [...]
Posted at: јануари 9th, 2010 - 12:47 pm - Number of Comments » 2
Некој ќе го нарече шал, некој гердан. Навистина имаат повеќе украсна улога одколку се топли…ама шаловите ги сакаме не само заради тоа дека не топлат во зимата.
Еве неколку модели на такви шалови-гердани:

Овој модел е шал во форма на круг (е затворен). Направен е од плетениот дел (од шарен, малку светкав конец со мали топчиња заради кои плетењето беше многу досадно) и плаво-зеленкав полупроџирен материјал. Виткани цвеќиња има од двете страни за да не мора да внимавате како е наместен шалот.
Исто така и овој шал-гердан е затворен круг и се става пеку глава. Направен е од волна Менада. Копчето е украсно.
Овој модел е направен од памучен конец во темносина боја со зеленкаста нианса (која на сликата повеќе дојде до израз – шалот е повече син идколку зелен) и од материјал (тафт) во истата боја. Материјалот е заштитен од парање.

Овој модел е рачно сошиен од две врсти на синтетички материјал (црн и сребрен), надополнет со 2 броша. Исто така овој шал е затворен круг (копчето е само украсно).
Ве поканувам во продавницата Уникатно, каде што ќе најдете многу повеќе новости
Posted at: ноември 19th, 2009 - 5:58 pm - Number of Comments » 0
…но овој пат во облик на чанта.
Чантата е изработена од волнен материјал, внатре има сошиено постава. Диаметарот на кругот изнесува 23 цм.
Предна страна на чантата е направена од многу кругови – белите се плетени, црните се од волнен материјал а темно црвени од материјал што признавам, не знам како се вика но најважно е дека не се пара.
Чантата се носи во рака.
за жал моментално немам добар апарат за сликање…
Повелете во продавницата има уште неколку други нови работи.
Posted at: октомври 16th, 2009 - 7:00 pm - Number of Comments » 0
Моја стара чантичка заврши својот живот. Од неа спасив едно здраво парче кожа. Така настана колекција на накит која ќе продолжи кога успеам да набавам некаде црна кожа. Во главата имам уште многу интересни мотиви за обетки и белегзии.
Кожата е искомбинирана со бели плетени парчиња, кругови, цвеќиња, квадрати…за составување употребен е бел конец а шиењето намерно е спроведено така како што се гледа на сликата.
Обетките се различни од двете страни, може да се каже дека задната страна претставува тоа што го нема на предната. Исклучок се цвеќињата кои се исти од двете страни.
Обетките се достапни на www.unikatno.com.mk

Posted at: октомври 13th, 2009 - 2:11 pm - Number of Comments » 0

